Почитувани родители и ученици,

Ве известуваме дека пријавувањето за запишување на учениците во Математичко – информатичка гимназија во Јунскиот уписен рок ќе се врши на 14 Јуни 2021 година (Понеделник) од 12.00 до 19.00 часот, 15 и 16 Јуни 2021година ( Вторник и среда) од 07.00 до 19.00 часот, 17 Јуни (Четврток) од 07.00 до 15.00 часот.

Пријавувањето се врши во училиштето лично од ученикот т.е. родителот или старателот.

За запишување на учениците во прва година потребни се следните документи

– Пријава за запишување (Пријавата ја подигате во Училиштето)

– Оригинални свидетелства од VI до IX одделение

– Оригинален извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавање)

Кон пријавата учениците може да приложат Дипломи од освоени награди