Почитувани родители и ученици

Од Математичко-Информатичка Гимназија ве информираме дека на 02.06.2021 и 04.06.2021 година ќе се одржат приемните испити по математика и физика, со почеток од 10 часот, за упис на ученици во учебната 2021/22 година

Приемните испити ќе се одржат во просториите на ГУЦ Здравко Цветковски- Скопје

На 02.06.2021 е приемниот испит по математика

На 04.06.2021 е приемниот испит по физика

На денот на полагање на испитот треба да бидете во училиштето 30 мин пред почетокот на истиот.

Носете со себе документ за лична идентификација (пасош, слободна карта и сл)

Во прилог ви испраќаме протокол, правила при полагање на испитите и список на ученици по простории и бр. на местото на ученикот

Секој ученик треба да седне во просторијата и своето бројче од списокот

Резултатите од приемните ќе бидат истакнати на влезната врата од гимназијата и на web страната на гимназијата mig.mk

За сите информации во иднина ќе бидете известени на вашите mail адреси и на web страната на гимназијата

Ви посакуваме многу успех и среќа на приемните испити