Кодекс за учениците
Ученикот е должен :
- навреме и редовно да се приклучи на online часовите
- да го информира наставникот за било кој технички проблем со кој ќе се соочи при користењето на електронските платформи
- на часовите треба внимателно да слуша и навремено и целосно да ги извршува училишните обврски
- да соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во училиштето
- да придонесе кон одржување на работна атмосфера за време на online наставата
- да покаже почитување и толеранција кон соучениците и наставниците
- да избегнува недолично однесување
- да го отпоздрави наставникот кога ќе се приклучи на часот во е-училницата
- да не врши психичко и физичко малтретирање на учениците, наставниците и другите вработени во училиштето преку средствата за електронска комуникација
- да се облекува пристојно за време на online часовите
- да се воздржува од користење на мобилен телефон за време на online часовите
- да се воздржува од користење на вулгарни зборови за време на наставата
- да ги пренесе информациите до родителите на барање на наставникот
Кодекс за наставниците
Наставникот е должен :
- да креира пријатна работна атмосфера и позитивна емоционална клима во е-училницата
- да гради односи на меѓусебно разбирање, соработка и почитување со учениците и другите вработени
- навреме и квалитетно да ги извршува своите обврски
- професионално да се усовршува преку следење на литература и online обуки кои му се достапни и овозможени од страна на училиштето
- да внимава на својот говор, кој треба да биде литературен, јасен и достапен
- да ја почитува личноста на ученикот и другите вработени
- да ги почитува своите колеги и останатите вработени, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата
- да не се изложува во јавноста и на online часовите под дејство на алкохол и дрога
- да го почитува времетраењето на часот
- редовно да одржува настава според планираниот распоред
- редовно да ги известува учениците за измените во распоредот, доколку такви промени се неопходни
- да ги евидентира часовите во педагошката евиденција и во електронскиот дневник
- редовно да ги евидентира отсутните ученици
- да им помага на учениците да ги надминат проблемите при користење на електронските платформи
- да ги извести одговорните лица доколку некој од учениците се соочува со технички проблем, односно неможност за користење на компјутер за реализација на наставата
- секогаш да биде пример со својот изглед и однесување
- да го пофалува секој напредок на ученикот
- да обезбеди непречена комуникација со учениците преку електронска пошта како алтернатива при користењето на електронската платформа
- реално да го оценува знаењето на ученикот без оглед на другите оценки на ученикот
- да се воздржува од било какво физичко или психичко малтретирање и казнување
- редовно да им помага на учениците преку разни форми на активности
- да настојува учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат за време на online часот
- да комуницира со родителите и навремено да ги информира за успехот на учениците, како и за евентуални проблеми
- редовно да присуствува на советите на паралелка и на наставничките совети во училиштето
Кодекс за останатите вработени во училиштето
Вработените во училиштето се должни :
- да ги извршуваат работните задачи кои спаѓаат во нивниот делокруг на работа
- да го почитуваат работното време
- да обезбедат техничка помош и поддршка на наставниците при одржување на online наставата
- остварува коректна комуникација со останатите вработени и да се воздржува од вербални напади или навреди
- да ги почитува своите колеги и останатите вработени, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата
- со својот изглед и однесување да биде пример за учениците