1. Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“  да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
  2. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
  3. Задолжително вршење на дезинфекција на клупите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
  1. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
  2. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот,од страна на сите ученици.
  3. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница.
  4. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
  5. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
  6. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител,  кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
  7. Задолжително носење документ за лична идентификација, математички прибор (молив, гума, шестар, линиар, пенкало).
  8. Забрането е користење на калкулатор и телефон.
  9. Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
  10. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  11. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  • Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи.
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себе си, ги штитите и другите.