Со овој документ се одредени начините на организација и реализација на работата на училиштето во услови на спроведување на настава на далечина.

 

Училиштето:

  • Ги планира и спроведува активностите кои се потребни за спроведување на настава од далечина,
  • Обезбедува технички услови (платформа, опрема, интернет врска), позитивна клима за работа , обука на наставниците и учениците за користење на дигитални платформи за реализација на наставата,
  • Изготвува Годишна програма за работа во која е планирана реализација на наставата со далечинско учење,
  • е должно да организира активности или обезбеди материјали за оние ученици кои не се во можност да следат настава со далечинско учење,

 

Директорот на училиштето:

  • Ги планира и координира активностите во училиштето со далечинско учење
  • Го информира училишниот одбор за начинот на реализација на наставата со далечинско учење,
  • Одредува администратор во училиштето,

 

Стручниот соработник:

Наставниот кадар:

Класниот раководител:

  • соработува со администраторот во креирањето на е-маилови на учениците во својата паралелка,
  • Ги информира учениците за прашања важни за спроведување на далечинско учење,
  • Ги информира родителите за прашања важни за спроведување на далечинско учење
  • Соработува со директорот и стручната служба за прашања поврзани со учениците, родителите и наставата.

 

Предметен наставник:

– подготвува час користејќи ги насоките за употреба на дигитална платформа

– ги следи препораките за скратени наставни програми и според нив изготвува планирања

–  наставникот ги користи алатките во рамки на платофрмата за објективна проверка на постигнувањата на учениците

–  ги информира учениците за начинот на работа по својот наставен предмет во услови на далечинско учење,

–   континуирано им дава поддршка на учениците кои имаат потешкотии во следење на далечинската настава,

–   формално комуницира со учениците  и родителите од паралелките во кои предава по електроски пат

– води педагошка евиденција на присутни ученици во Е-дневник.

– е должен да го информира класниот раководител и/или стручната служба доколку некој ученик почесто отсуствува од  наставата со далечинското учење или пројавува проблем со однесување,

 

Ученикот

  • Е должен да го почитува распоредот на часови и време на вклучување на он лајн платофрмата,
  • Е должен да учествува во часот, да биде со вклуечна камера (освен во случаи кои се однапред пријавени и договорени со класниот раководител)
  • Е должен редовно да ги извршува задачите и да ги доставува до наставниците во предвидениот рок,
  • Кој нема да се вклучи на часот со далечинско учење, ќе се смета дека неоправдано отсуствувал од настава, доколку родителот не пријави и регулира отсуство со класниот раководител,

 

Родителот

  • Е должен да му пријави по електорски пат на класниот раководител дека неговото дете не е во можност да се вклучи во настава со далечинсо учење