Почитувани родители и ученици,

Во прилог можете да ја погледнете вкупната Ранг листа на ученици кои го исполнуваат условот за прием на ученици во Математичко – информатичка гимназија во вториот уписен рок.

 

Ве известуваме дека пријавувањето за запишување на учениците во Математичко – информатичка гимназија во вториот уписен рок ќе се врши на 30 јуни 2021 година (среда) од 07.00 до 19.00 часот.

Пријавувањето се врши во училиштето лично од ученикот т.е. родителот или старателот.

За запишување на учениците во прва година потребни се следните документи

– Пријава за запишување (Пријавата ја подигате во Училиштето)

– Оригинални свидетелства од VI до IX одделение

– Оригинален извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавање)

Кон пријавата учениците може да приложат Дипломи од освоени награди

 

Вкупна Ранг листа на ученици Втор уписен рок - мак јазик

 

Вкупна Ранг листа на ученици Втор уписен рок- алб јазик