Почитувани ученици и родители,

Ве информираме дека од септември 2020 година започнува наставата во новата Математичко-информатичка гимназија во Скопје, каде ќе се образуваат талентирани ученици по математика, информатика и физика, во која се планирани две паралелки, кои ќе бројат по 34 ученици. Во една паралелка наставата ќе се одвива на македонски наставен јазик, а во другата паралелка ќе се одвива на албански наставен јазик.

Училишниот центар ќе биде сместен во населбата Карпош и ќе понуди квалитетен наставен процес, подготвен според посебни наставни планови и програми, а наставата ќе ја спроведуваат реномирани професори од соодветната област.

Учениците кои не живеат во Скопје ќе можат да се сместат во ученички интернат, а трошоците за сместувањето ќе ги покрие Министерството за образование и наука.

Секој ученик кој ќе ја заврши годината со одличен успех, ќе му биде доделена стипендија.

Учениците кои сакаат да бидат дел од новата перспективна гимназија ќе полагаат приемен испит по наставните предмети математика и физика, кој ќе се одржи на 2 и 4 јуни 2020 година.

Сите заинтересирани ученици може да испратат  писмо на интерес на следната адреса:

„Ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со наслов: „За јавен повик за полагање на приемен испит за запишување во математичко-информатичката гимназија, до Министерството за образование и наука“ или на електронската адреса julija_g@hotmail.com, најдоцна до 30.5. 2020 година.

Повеќе информации може да добиете на веб- страницата на Министерството за образование и наука http://www.gov.mk.

На сите идни ученици во новата Математичко-информатичка гимазија им посакуваме успех.