Ако вашето дете го завршува деветтото одделение, сака математика, размислува логички и сонува за големи успеси, тогаш државното средно училиште „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје е вистинскиот избор.
Во МИГ не градиме само знаење, градиме натпреварувачи, шампиони, олимпијци и успешни луѓе со сигурна иднина. Доказ за тоа е што и оваа година нашите ученици блеснаа со врвни резултати на државни и меѓународни натпревари по математика:
Дамјан Давков – златен медал
Марко Митевски и Ивано Божиновски – сребрени медали
Леонид Цуклев и Кирил Атанасов – бронзени медали
Особена гордост е што Дамјан, Марко и Ивано ќе бидат дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на Европската и Балканската математичка олимпијада.
Нашите ученици беа на врвот и на државниот натпревар по математика:
Марко Митевски (100 поени), Леонид Цуклев, Марика Георгиевска, Ивано Божиновски (100 поени), Амар Сулејмани, Анастасија Пецевска, Давид Арнаудов, Кирил Атанасов, Никола Стојковски, Ермал Топојани, Михаела Блажевска, Ана Марија Трифуновска, Иван Донев.