Деветто одделение си и сакаш да учиш програмирање, веб програмирање и други компјутерски науки бидејќи во тоа ја гледаш иднината? Тогаш државното средно училиште „Математичко-информатичка гимназија“ Скопје е твојот вистински избор. Не само што добиваш огромно знаење, туку добиваш и месечна стипендија како награда за тоа. Добредојдени се ученици од цела Македонија, а за тие што не се од Скопје, обезбедено е сместување во интернат. Ги добиваш најсовремените програми и најдобрите професори, твое е само да се пријавиш и да ги положиш приемните испити по математика и физика. На годинешниот државен натпевар по информатика, горди сме на успесите на нашите ученици:
Прва награда
Стојковски Никола
Втора награда
Младеновиќ Алекса
Атанасов Кирил
Џинго Гаврил
Карафилоски Андреј
Трета награда
Тоневски Никола
Донев Иван
Арнаудов Давид
Божинов Јован
Пофалба за успешно учество
Петровиќ Дамјан
Андрееска Емили
Трифуновски Филип
Пофалба за учество
Славевски Андреј