По повод 10 години од нејзиното заминување, семејството на Светлана Антоновска ѝ подари на Математичко-информатичката гимназија (МИГ) монографија посветена на нејзиниот живот, научна работа и значењето што го има оставено во развојот на математиката.
Светлана Антоновска останува запаметена како значајна математичарка, чие научно дело претставува вреден дел од математичкото наследство и сведоштво за нејзината посветеност кон математиката и науката.
Како особено вреден дел од донацијата, семејството ја подари и нејзината дипломска работа, постхумно објавена во книгата „Решавање на транспортниот проблем со унгарски метод“.
За МИГ, оваа донација има посебно значење. Делата на Светлана Антоновска ќе останат како трајна врска меѓу математичкото наследство и новите генерации млади математичари кои своето знаење го градат токму во нашата гимназија.
Примероците од книгите ќе им бидат подарени на нашите ученици, за наследството на Светлана Антоновска да продолжи да инспирира и да живее преку нивната љубов кон математиката.





