Андреј Ангелов, ученик во трета година во нашата гимназија (Државно Средно Училиште Математичко-Информатичка Гимназија), не закити со бронзен медал од Интернационалната олимпијада по вештачка интелигенција (ИОВИ 2026) во Љубљана, Словенија!
Горди сме со Андреј и посветените ментори – наши професори:
асистент Димитар Милески
проф. д-р Миле Јованов
и менторската поддршка на проф. д-р Емил Станков, од ФИНКИ