Учениците од Математичко-информатичка гимназија заедно со професорката по физика учествуваа на 13 и 14.03.2026 год на ПМФ на ХХV Зимска астрономска школа каде имаа можност да ги продлабочат своите знаења од областа на астрономија и астрофизика.
Во текот на школата децата следеа предавање,учествуваа во работилница под менторство на професори и истражувачи.
Учениците имаа можност да разменат искуства со врсници од други училишта и достојно ја претставија гимназијата со првото место што го освоија на квиз.
Честитки за учениците!!