На 3.11 и 7.11 во Математичко-информатичката гимназија се одржа виртуелна културолошка размена по предметот англиски јазик. Учениците од втора и трета година имаа интерактивна дискусија. Имено, по претходно одредени прашања упатени до ученик во средно училиште во Торонто, Канада, се разви дискусија каде учениците разменуваа мислења и аргументираа. Преку оваа виртуелна размена, учениците учеа на автентичен начин за училишниот систем, образованието во Канада, како и за забавниот живот на средношколците, културата и однесувањето на тинејџерите. Ученикот Дејвид не само што ги насмеа лицата на учениците, туку и им стана близок преку заедничкиот јазик на комуникација.
Во Математичко-информатичката гимназија се одржа виртуелна културолошка размена по предметот англиски јазик
|Published on: 7.11.2022|