За МИГ

математичко - информатичка гимназија
Мисија и визијаЗа миг

Математичко – информатичката гимназија

Oд учебната 2020/21 година започнува наставата во новата Математичко-информатичка гимназија во Скопје, каде ќе се образуваат талентирани ученици по математика, информатика и физика, во три паралелки. Во две паралелки наставата ќе се одвива на македонски наставен јазик, а во една паралелка ќе се одвива на албански наставен јазик.

Училишниот центар ќе биде сместен во населбата Карпош и ќе понуди квалитетен наставен процес, подготвен според посебни наставни планови и програми, а наставата ќе ја спроведуваат реномирани професори од соодветната област.

Учениците кои не живеат во Скопје ќе можат да се сместат во ученички интернат, а трошоците за сместувањето ќе ги покрие Министерството за образование и наука.

Секој ученик кој ќе ја заврши годината со одличен успех, ќе му биде доделена стипендија.

Локација и контакт

бул. "Партизански Одреди" бр.91, 1000 Скопје

ВД Директор: Д-р Јулија Гајдаџиева

моб: 078355221

контакт

3 + 4 =