На натпреварот UltiMath организиран од Brainster (секоја чест за организацијата, еланот и вложувањето во македонските ученици ) во конкуренција на 2500 средношколци, во топ 10 се пласираа 6 ученици од Математичко-информатичката гимназија!!! Леонид Цуклев, Антонела Владева, Сара Стефановска, Марко Митевски, Ивано Божиновски и апсолутниот победник и добитник на премијата од 10000 евра, ДАМЈАН ДАВКОВ!!
Честитки за сите учесници, но и за нивните ментори и семејства кои се гордееме со нив!