Учениците од ,,Математичко-информатичка гимназија”, заедно со класните раководители, посетија претстава во Драмски театар Скопје. Учениците имаа можност да ја погледнат познатата и многу интересна претстава ,,Фамилијата Адамс”.
Вечерта помина во одлична атмосфера, исполнета со многу смеа, добра глума и интересна сценографија. Учениците уживаа во хуморот и необичните ликови од семејството Адамс, а ваквите културни настани се одлична можност младите да се запознаат поблиску со театарската уметност.
Посетата беше убаво дружење надвор од училницата, кое ќе ни остане како убав спомен и потсетник дека учењето и културата можат да одат заедно. 🎭





