Нашите ученици не се само талентирани математичари и информатичари. Тие се и љубители на уметноста, историјата и културата, па затоа со задоволство учествуваат во креативни и културни настани.
Овојпат, заедно со професорката по македонски јазик и литература Анета Станковиќ Мирковска, беа дел од работилницата „Катче за сведоштва“, посветена на националната хероина Вера Циривири-Трена.
Учениците го проследија краткиот интерпретативен филм „Одгласи на една хероина“, а преку разговор и активности се запознаа со нејзиниот живот, историскиот контекст и значењето на личните сведоштва.
Во МИГ веруваме дека образованието не создава само успешни математичари, туку млади луѓе со широки интереси, креативност и чувство за културните вредности.








