На часот по физика учениците од 2-1 заедно со професорката изведоа експеримент за електромагнетна индукција. Со помош на калем, магнет и галванометар набљудуваа како при движење на магнет низ калемот се создава електрична струја. Кога магнетот се движи кон калемот,стрелката на галваниметарот се отклонува во една насока, а кога се оддалечува во спротивна насока.
Така докажавме дека променливо магнетно поле создава индуцирана струја.
Часот беше интересен и поучен бидејќи теоретското знаење учениците го поврзаа со практичен пример.