Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето или на училишната интернет страница.
Потребната документација која што учениците ја доставуваат во Математичко-информатичката гимназија е следната:
– пријава за запишување која што се печати од електронската апликација
– оригинални свидетелства од VI-IX одделение
– извод од матичната книга на родените
– потврда за освоени бодови по математика и физика (линк за потврдата)
