Математиката ти оди, сакаш физика и сакаш да научиш информатика и програмирање?
Државното средно училиште „Математичко-информатичка гимназија“ Скопје е вистинското место за тебе.
Не си од Скопје? Нема проблем, ти следува бесплатно сместување во ученички интернат.
Во прва година имаш одличен успех? Тогаш ти следува месечна стипендија.
Учи од најдобрите професори и достигни ги најголемите успеси и знаења од областа на математика, физика, информатика, програмирање.