Во нашето училиште се одржа работилница на тема булинг, на која учествуваа ученици од прва и втора година. Преку интерактивни активности, учениците ја поттикнаа соработката, ја истакнаа важноста на меѓусебната поддршка и разговараа за значењето на навременото и заедничко дејствување во спречувањето на врсничкото насилство.
Работилницата ја реализираа нашите врснички едукатори, ученици од трета и четврта година, кои претходните години ја поминаа обуката во рамки на програмата „Младите можат“. Благодарение на оваа програма, МИГ се стекна со значка за училиште кое се грижи за менталното здравје.
Врснички едукатори беа:
✨ Ана Марија Трифуновска
✨ Емили Андрееска
✨ Лука Алексовски
✨ Ивона Давкова
✨ Александар Иваноски
✨ Сара Кочовска
Во реализацијата на работилницата се вклучи и нивниот соученик Горјан Бунтески, кој со својата поддршка придонесе за успешна реализација на активностите.
Работилницата се реализираше под менторство на професорката по англиски јазик Елена Стоичовска-Манасковска.
Со ваквите активности поттикнуваме емпатија, солидарност и почитување на различностите, затоа што секој ученик заслужува да се чувствува безбедно, прифатено и поддржано.
Заедно градиме училиште без булинг!











