Учениците од Математичко-информатичката гимназија заедно со своите врсници од неколку европски училишта се вклучија во онлајн проект за одржливост на животната средина. Овој проект има за цел да биде едукативен пристап кој ќе ги охрабри студентите да развијат активно граѓанство, демократско учество и критичко-креативно размислување со цел да станат поактивни граѓани за прашања поврзани со одржливоста.
Преку боите на виножитото ќе ги разликуваме седумте теми на кои ќе се осврнеме: 1-зелена – шуми и зелени површини; 2-виолетова- климатски промени; 3-сино – океаните и мочуриштата; 4- темно сино – одржливи заедници; 5-жолто- обновливи енергии; 6- портокалово – урбан отпад; 7-црвена – безбеден сајбер граѓанин – ИКТ безбедност;
Овој пристап има за цел да биде интердисциплинарен и да користи STEAM методологија.
Учениците ќе ги истражуваат еколошките проблеми во овие области и ќе предложат што е можно повеќе мерки за ублажување. Понатаму, намерата е да се сензибилизира училишната заедница и нивните семејства за одржливоста на животната средина.
ЦЕЛИ на проектот
– Мотивирање на учениците кон еколошки проблеми со цел да станат идни граѓани со активно граѓанско учество;
– Развивање вештини за тимска работа за време на извршувањето на проект за еколошка едукација за одржливост, користејќи ја STEAM методологијата;
– Користење на различни технологии и веб 2.0 алатки;
– Разбирање на важноста на одржливите градови и употребата на чиста обновлива енергија;
– Препознавање на важноста на шумата и океанот во борбата против климатските промени;
– Разбирање на проблемот со управувањето со урбаниот отпад;
– Разбирање на проблемите поврзани со безбедноста и правилното користење на Интернет;
– Промовирање на значајни и релевантни искуства за учење, вклучително и семејствата, училиштето и здруженија за животна средина, со цел да се подобри успехот во образованието;
Ментор на учениците во овој проект е Гордана Насковска, професор по биологија.