Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Потребната документација која што учениците ја доставуваат во Математичко-информатичката гимназија е следната:
– пријава за запишување која што се печати од електронската апликација
– оригинални свидетелства од VI-IX одделение
– извод од матичната книга на родените