На часовите по англиски јазик, учениците редовно користат современи дигитални алатки со помош на професорката по англиски, која ги води низ процесот со тоа што заедно креираат најразлична содржина, од подкасти, видеа, презентации, аудио интервјуа, па и дигитални училници.
Учениците од прва година имаа можност први да ја искусат дигиталната училница која може да ја видите на фотографиите и да ја пристапите на следниот линк – https://padlet.com/elenastoichovska/digital-classroom-i-1-h73hic5wdir3fhoy.
Таму учениците имаа задача да креираат проекти поврзани со заштита на животната средина, а на часот по англиски јазик сите презентираа со голем ентузијазам.
Учениците од втора и трета година го увежбуваат вокабуларот преку апликацијата Worlwall, каде решаваат разни загатки, кои исто така може да се погледнат тука. Горди сме на нашите креативни ученици.