Учениците и професорите од Математичко-информатичката гимназија, во соработка со Црвен крст Карпош и Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци“ организираа хуманитарен предновогодишен настан посветен на децата и младите од здружението „Трисомнија“. Учениците и професорите несебично донираа новогодишни пакетчиња, но подготвија и многу изненадувања за учесниците.
Професорката по англиски јазик Елена Стоичовска-Манасковска го отвори настанот и им посака среќни празници на присутните. Се упати благодарност со сите професори кои помагаа да се оствари овој настан, вклучувајќи ги професорките Дијана Петрова, Жаклина Маневска, Моника Палоска, но и сите вработени во гимназијата кои помогнаа во пакувањето, спремањето изненадувања за присутните и самите ученици за иницијативата. Потоа учениците почнаа со музичко-уметничката програма.
Ученикот Андреј Карафилоски се претстави со точка на гајда, а училишниот бенд составен од Емили Андрееска, Стефан Кимовски и Јован Божинов ги развесели лицата на сите присутни и заедно се пееја познати македонски песни. Најпосле, ученичката Ивона Давкова се претстави со литературно читање на сликовници. Ученичката Анастасија Пецевска од името на сите ученици им подари уметничка слика инспирирана од хуманоста кон лицата од здружението. Сите останати ученици учествуваа во делењето пакетчиња и освежителни пијалоци, а заедно заигравме и пеевме откако програмата заврши.
Им се заблагодаруваме на сите кои беа дел од овој прекрасен настан и им ги честитаме новогодишните празници на сите ученици!!



