На веб сајтот на МОН на следниот линк можете да погледнете информации за електронски упис за учебната 2024/2025 година на ученици во прва година во средно образование.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот, додека второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.

Потребната документација која што учениците ја доставуваат во Математичко-информатичката гимназија е следната:

– пријава за запишување која што се печати од електронската апликација

– оригинални свидетелства од VI-IX одделение

– извод од матичната книга на родените