Резултатите од државниот натпревар по физика се уште една причина дека ДРЖАВНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „Математичко-информатичка гимназија“ е вистинско место за учениците кои сакаат да постигнуваат успеси и да се стекнат со вистинско знаење кое ќе им помогне во градењето на сигурна иднина: Никола Стојковски освои прва награда, Михаела Блажевска освои втора награда и Андрија Младеновиќ освои втора награда. Успесите на нашите ученици се доказ за успешноста и посветеноста на МИГ во реализирање на нивните соништа.
Потсетуваме дека пријавувањето на деветтоодделенците за полагање на примен испит за упис кај нас се во тек.




