29 октомври го означивме како Ден на гимназијата. Учениците за таа цел се претставија со неколку активности преку кои покажаа дека во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ учат сестрани ученици кои освен за наука, имаат талент и за уметност.
Се разбира, акцент се стави и на проектите кои ги изработија учениците, преку кои покажаа дека знаењето можат да го применат и во пракса.
Нека е честит Денот на гимназиајата и да остане традиција која ќе не‘ спојува и инспирира за уште поголеми успеси.