Почитувани родители, ученици,
Сите заинтересирани деветоодделенци кои сакаат да се запишат во Математичко-информатичката гимназија во Скопје можат да се подготвуваат за приемните испити по предметите математика и физика со следната предлог литература.
Ги препорачуваме збирките за 7-мо, 8-мо и 9-то одделение во издание на Просветно дело. Тоа се: ЗБИРКИ ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА ОД IV ДО IX ОДДЕЛЕНИЕ / АВТОРИ: Трајче Ѓорѓиевски, Оливера Трифуновска, Анета Смилевска, Лидија Филиповска и Мирко Петрушевски.
Збирките во целост се изготвени според наставната програма и задачите се распоредени по недели. Задачите се транспарентно подредени по нивоа според когнитивните способности, и тоа: за секоја недела има задачи што се решаваат со помнење и разбирање кои се во најголем број, потоа следуваат задачи што се решаваат со примена на помнењето и разбирањето и на крај се надоврзуваат задачи плус кои се од највисоко ниво. Сите задачи селектирани по недели имаат решенија, со што се олеснува користењето на збирките.
Збирките се изработени во два дела, прво полугодие и второ полугодие. Во секој дел има по два работни листа изготвени според стандардите на Бирото за развој на образованието. Во секоја од збирките за прво полугодие има додаток со кој авторите сметаат дека навремено ќе се дополнат знаењата кај учениците и заедно со задачите плус ќе бидат погодни за додатна настава и подготовка за приемен испит по предметот математика.
Физика за 8-мо одделение: Збирка прашања и задачи со тестови и активности од Аида Петровска и Мирјана Патаракоска.
Физика за 9-то одделение: Збирка прашања и задачи со тестови и активности од Аида Петровска и Мирјана Патаракоска.
Збирка по физика за 8-мо одделение: Задачи, експерименти и активности од Мимоза Ристова и Оливер Зајков.
Физика за 9-то одделение: Задачи, експерименти и активности од Мимоза Ристова и Оливер Зајков.