Благодариме на тимовите од Логинг електроникс за можноста, трпението и споделените информации и искуства со нашите радознали ученици. Имаше прашања и следуваа трпеливо одговори (smiley)
Беше убаво дружење и исполнето време со корисни нови аспекти на информатичките знаења и малку електроника. Се надеваме дека ќе имаме можност знаењата да ги употребиме, а за таа цел ни треба поддршка во вид на мала донација на компоненти, опрема и материјали за работа. Се надеваме дека ќе имаме среќа некој да ни донира ресурси и ќе ни го овозможи задоволството да работиме и учиме.













