На часот по физика учениците од трета година од Математичко-информатичка гимназија изведоа експеримент по физикс за спектарот на бои.Со помош на призма и извор на светлина,тие набљудуваа како белата светлина се разложува на различни бои,од виолетова до црвена.Преку експериментот,учениците заклучија дека светлината е составена од повеќе бранови должини,што им помогна подобро да ја разберат природата на светлината и нејзините својства.