ДРЖАВНО средно училиште МАТЕМАТИЧКО-ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА
Не можеме да стигнеме за се да Ве испофалиме за сите Ваши постигнувања.
На Македонската Информатичка Олимпијада поканети беа натпреварувачите со најдобри постигнати резултати сумирани од регионалниот и државниот натпревар.
Дури сега ќе истакнеме една маркантна информација:
Забележете ја ситуацијата на листата со поканети учесници на олимпијадата, направена според распоредот за седење на натпреварувачко место.
На листава има 9 ученици од основно образование – кои ги покануваме во иднина да ни се придружат како ученици во МИГ.
Другите 24 ученици се од средните училишта во Македонија.
За полесна анализа, учениците од МИГ се означени со зелена боја, а со сива боја се означени учениците од основните училишта.
Доминира зелената боја со 10 натпреварувачки позиции кои ги заслужиле средношколците од ДРЖАВНО средно училиште МАТЕМАТИЧКО-ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА.

Во следната епизода: резултати од олимпијадата!

Нашите вредни ученици сакаа да ги пренесат своите впечатоци од секојдневието во МИГ.
Дизајнираа промотивен материјал и презентација и организираа презентирање и делење промотивен материјал на натпреварувачите од основно образование. Во опуштена атмосфера и слободна комуникација ги споделија своите впечатоци со намера да го прошират своето друштво со следната генерација ученици во Математичко-информатичката гимназија.