Во период од 9-ти до 15 април 2021 година се одржа ЕГМО 2021 чиј домаќин беше Грузија.
Во репрезентацијата на Македонија беа две наши ученички Емилија Николовска и Ивона Зикова.
Ученичката Емилија Николовска од прва година во Математичко-Инфоматичката Гимназија како член на женската математичка репрезентацијата на Македонија и под менторство на проф. Слаѓан Станковиќ и Стефан Лозановски освои бронзен медал. Ивона Зикова се стекна со признание за успешно учество на натпреварот и со тоа го подобри пласманот на нашиот тим.
Овој пат само БиХ беа подобри од Македонија, која се најде на високото 8-мо место на ЕГМО 2021 од 37 официјални земји учеснички, а на 13-то место од вкупно 55 земји од целиот свет.
Македонија е во ТОП 3 земји на ЕГМО од Балканот.
Задачите кои ги решаваа учениците може да ги погледнете овде https://www.egmo.org/egmos/egmo10/solutions.pdf а целосните резултати се достапни овде https://egmo2021.atsu.edu.ge/#
На Емилија, Ивона и на останатите наши ученици им посакуваме уште многу успеси во иднина!