Учениците од трета година по предметите Интелегентни системи и Напредно програмирање реализираа проекти за решавање на различни проблеми.  Еден од по истакнатите проекти е реализиран од учениците Алтин Јусуфи и Виола Фејза, кои може да се дефинира како апликација која има за цел да решава различни математички проблеми.

Проектот е реализиран во програмскиот јазик Python и ја има следнава содржина:

  • научен калкулатор, методи за решавање на системи со n непознати, решавање на квадратни равенки, конвертер на бројни системи, конвергираноста на серии, графичко претставување на функции, проверка на својства на функции, елементи на теоријата на графови, елементи на статистика и др.

Секоја од овие категории има и други под опции, кои му овозможуваат на корисникот да ги искористи на лесен и брз начин.

Проектот е реализиран под менторство на предметниот професор др. Газменд Џафери.