Врз основа на член 14 став 4 од Законот за Математичко-информатичка гимназија, а во согласност со член 4 од Правилникот за посебните критериуми на истакнати стручни лица кои ја остваруваат воспитно-образовната работа на Математичко-информатичка гимназија – Скопје и Согласноста добиена од Министерството за образование и наука со деловоден број 13-117/3 од 22.01.2024 година, Директорот на гимназијата рспишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
1.За избор на истакнати стручни лица кои ја остваруваат воспитно-образовната работа на македонски наставен јазик во Математичко-информатичка гимназија по следните наставни предмети:
Редброј |
Наставен предмет |
Фонд на часови на неделно ниво |
|
1. |
Алгебра |
12 |
|
2. |
Геометрија |
12 |
|
3. |
Функции и реални броеви |
6 |
|
4. |
Програмрање |
12 |
|
5. |
Информатика |
10 |
|
6. |
Математичка Анализа |
6 |
|
7. |
Објектно ориентирано програмирање |
2 |
|
8. |
Бази на податоци |
2 |
|
9. |
Теорија на графови |
3 |
|
10. |
Напредено програмирање |
3 |
|
11. |
Интелигентни системи |
3 |
|
12. |
Веројатност и статистика |
3 |
|
13. |
Програмски парадигми |
3 |
|
14. |
Web програмирање |
3 |
2.За избор на истакнати стручни лица кои ја остваруваат воспитно-образовната работа на албански наставен јазик во Математичко-информатичка гимназија по следните наставни предмети:
Редброј |
Наставен предмет |
Фонд на часови на неделно ниво |
1. |
Алгебра |
12 |
2. |
Геометрија |
12 |
3. |
Функции и реални броеви |
6 |
4. |
Програмрање |
12 |
5. |
Информатика |
10 |
6. |
Математичка Анализа |
6 |
7. |
Објектно ориентирано програмирање |
2 |
8. |
Бази на податоци |
2 |
9. |
Иновации |
3 |
10 |
Интелентни системи |
3 |
11. |
Програмски парадигми |
3 |
12. |
Web програмирање |
3 |
Услови и Критериуми за избор на истакнато стручно лице:
За истакнато стручно лице може да се избере лице кое покрај општите услови пропишани со Законот за средно образование, Законот за Математичко-информатичка гимназија ги исполнува и следните посебни услови
– да има стекнато научен степен доктор на науки на соодветната област
– да е запишан на докторски студии на соодветната област или
– да има стекнато научен степен магистер од соодветната област.
– истакнат професор со завршен VII -1 степен од соодветната област, односно да бил ментор на ученик кој бил награден на престижен меѓународен натпревар од соодветната област
Лицата кои исполнуват еден од погоре наведените посебни услови треба да се во редовен работен однос на универзитет, институт или училиште, во соодветната област.
Јавниот оглас трае 3 (три) работни денови од денот на објавување.
Математичко-информатичката гимназија, Истакнатoто стручно лице ќе го ангажира до 31.12.2024година.
Кандидатите по огласот кон пријавата треба да ги достават и следните прилог документи:
-Диплома за завршени студии VII-1 или VIA според НРК и 240 ЕКТС, во согласност со нормативот за наставен кадар
-Соодветен доказ дека исполнуваат најмалку еден од посебните услови и критериуми
-Потврда дека се во редовен работен однос
Сите потребни документи во оригинал форма или заверена фотокопија на нотар, да се доставуваат до Државното средно училиште Математичко-информатичка Гимназија – Скопје, со адреса на Бул. Партизански одреди број 91, Скопје . Некомплетните, неуредните и ненавремено доставените документи ќе бидат отфрлени и нема да се разгледуваат..
Контакт лице по јавниот оглас: д-р Јулија Гајдаџиева – директор на училиштето со контакт телефон 078 355 221 и контакт е-маил адреса dsu.mig.skopje@gmail.com