Честитки за ученичките од прва година во Математичко-Инфоматичката Гимназија, Емилија Николовска и Ивона Зикова, кои под менторство на Стефан Лозановски освоија бронзени медали на Иранската Геометриска Олимпијада (IGO 2020). Овогодинешното седмо издание на оваа олимпијада се одржа на 30. октомври, а учествуваа натпреварувачи од целиот свет. Емилија и Ивона се натпреваруваа во категоријата Intermediate, во која имаше околу 200 ученици од прва и втора година. Задачите кои ги решаваа може да ги погледнете овде, а целосните резултати се достапни овде. Им посакуваме уште многу успеси во иднина!
Последни активности
Известување за полагање на приемниот испит по математика, Список по простории и правила за полагање на приемните испити
Известување за полагање на првиот екстерен испит од државната матура
Јавен повик за полагање на приемен испит на учениците кај кои има интерес за запишување во Математичко – информатичка гимназија за учебната 2025/2026 година
Учениците од МИГ го посетија Собранието на Македонија
Учениците од МИГ учествуваа на традиционалниот марш за одбележување на Недела на срцево – садови заболувања