Честитки за ученичките од прва година во Математичко-Инфоматичката Гимназија, Емилија Николовска и Ивона Зикова, кои под менторство на Стефан Лозановски освоија бронзени медали на Иранската Геометриска Олимпијада (IGO 2020). Овогодинешното седмо издание на оваа олимпијада се одржа на 30. октомври, а учествуваа натпреварувачи од целиот свет. Емилија и Ивона се натпреваруваа во категоријата Intermediate,  во која имаше околу 200 ученици од прва и втора година. Задачите кои ги решаваа може да ги погледнете овде, а целосните резултати се достапни овде. Им посакуваме уште многу успеси во иднина!