Со особена гордост ги поздравуваме успесите на нашите идни ученици Даријан Мирчевски, освојувач на бронзен медал и Мартин Стојанов, добитник на пофалница на ЈБМО. Овие значајни достигнувања се доказ за нивната посветеност, труд и извонреден математички талент.
Убедени сме дека нашата гимназија ќе биде вистинското место каде што нивниот потенцијал ќе продолжи да се развива, а нивните успеси ќе стануваат сè поголеми. Со нетрпение очекуваме да ги поддржиме на патот кон нови знаења, предизвици и врвни достигнувања.
Честитки за овој одличен успех и добредојдовте во семејството на нашата гимназија!

