Почитувани родители и ученици

Од Математичко-Информатичка Гимназија ве информираме дека на 01.06.2022 и 03.06.2022 година ќе се одржат приемните испити по математика и физика, со почеток од 10 часот, за упис на ученици во учебната 2022/23 година

Приемните испити ќе се одржат во просториите на ГУЦ Здравко Цветковски- Скопје

На 01.06.2021 е приемниот испит по математика

На 03.06.2021 е приемниот испит по физика

На денот на полагање на испитот треба да бидете во училиштето 30 мин пред почетокот на истиот.

Носете со себе документ за лична идентификација (пасош, слободна карта и сл)

Во прилог ви испраќаме правила при полагање на испитите и список на ученици по простории и број на местото на ученикот

Секој ученик треба да седне во просторијата и своето бројче од списокот

Резултатите од приемните ќе бидат истакнати на влезната врата од гимназијата и на web страната на гимназијата mig.mk

За сите информации во иднина ќе бидете известени  на web страната на гимназијата

Ви посакуваме многу успех и среќа на приемните испити

 

Линк Правила за полагање на приемните испити

Линк Rregullat e provimeve pranuese

Линк Список по простории

 

*Приговори од приемниот испит по математика можат да се поднесат заклучно до 02.06.2022 год. (четврток) до 12 часот.