За прием во јавните ученички домови можат да конкурират ученици:
– кои се запишани како редовни ученици во Математичко-информатичката гимназија;
– кои се државјани на Република Северна Македонија и
– кои се со место на живеење различно од местото во кое е Математичко-информатичката гимназија
ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЈАВНИТЕ УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ
Согласно Конкурсот за прием на ученици во ученички домовите за тековната учебна година 2020/21, ученикот поднесува:
1. Пријава,
2. Потврда дека е редовен ученик во Математичко-информатичката гимназија
3 Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и
4. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија.
Сите документи во хартиена форма треба да ги доставите во ученичкиот дом “Здравко Цветковски”-Скопје од 4-15 јули