За прием во јавните ученички домови можат да конкурират ученици:

– кои се запишани како редовни ученици во Математичко-информатичката гимназија;
– кои се државјани на Република Северна Македонија и
– кои се со место на живеење различно од местото во кое е Математичко-информатичката гимназија

 

 ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЈАВНИТЕ УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ

Согласно Конкурсот за прием на ученици во ученички домовите  за тековната учебна година  2022/23 (линк), ученикот  поднесува:

1. Барање за сместување во ученички дом;

2. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;

3. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);

4. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;

5. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);

6. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;

7. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

8. Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

Потребните документи-обрасци (за точките 1,4 и 7) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот.

Министерството за образование и наука по службена должност обезбедува податок за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2022 година и трае до 01.07.2022година, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 01.07.2022 година и трае до 08.07.2022 година.

Учениците кои ќе достават хартиена пријава директно до ученичкиот дом, комплетната документација ја доставуваат од 04.07.2022 година до 15.07.2022 година, во ученичкиот дом “Здравко Цветковски”-Скопје