11 .12 . 2020 – четврток, Скопје
„Македонски Институт за Медиуми“
„Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“
Учениците од I-3 одд.- СДУ„Математичко Информатичка Гимназија“-Скопје, под менторство на проф.Насер Мифтари, денеска заедно со неколку ученици од СУГС„Зеф Луш Марку“-Скопје, имаа можност да се дел од прекрасниот вебинар на тема: Визуелна писменост (фотографии, видеа, манипулации на медиумите и сл.) – предавач: Арбнора Мемети, на која беа презентирани мн.информации и знаења, во улога на подигнување на свеста за медиумска писменост, кај младите!
Што е медиумска писменост и зошто е таа важна? Што претставуваат информац. нарушувања и мн. други прашања кои беа дискутирани, несомнено укажуваат на неопходноста на „Медиумска писменост“, т.е. неопходноста на образовнието како важен и главен фактор на овој процес, и тоа уште од најрана возраст на децата! Медиумите и нивната улога во едно демократско општество е од големо значение!