Од 12 до 22 јули, во Шангај, Кина, се одржува 66. Меѓународна математичка олимпијада (International Mathematical Olympiad – IMO 2026) – најпрестижното светско натпреварување по математика за средношколци.
Македонија ќе ја претставува тим составен од шест ученици, а со особена гордост истакнуваме дека тројца од нив се ученици на ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје:
Дамјан Давков, Марко Митевски, Ивано Божиновски
Им посакуваме многу успех, сигурност и инспирација во решавањето на најпредизвикувачките математички задачи. Веруваме дека достојно ќе ги претставуваат МИГ и Македонија на светската математичка сцена.