Местото на жената во општеството
Немите сведоци на сите минати и можни времиња се светлите искри на небото, чии безгласен шепот постојано нè повикува да застанеме за миг и да се препуштиме на опојниот мирис на исушените лисја што ги носи ветрот, непознато од каде, но стигнува до нас.
Патиштата се различни, полни со кривини и непроодност. Нашата волја ќе одреди дали ќе се пробиеме или ќе застанеме пред проблемите, ќе кажеме дека не можеме, дека не сме подготвени. Ќе си дозволиме ли да застанеме и да го направиме минатото сегашност и иднина, иако знаеме дека ќе стоиме таму, немоќни и ќе мислиме дека е најдобро? Или ќе тргнеме по патот на иднината, ќе ги оставиме сите неважни работи зад себе, затворени во собата, ќе ги земеме со нас важните и ќе продолжиме понатаму. И иднината има свои тешкотии, бидејќи никогаш не знаеме што носи, а минатото е многу полошо, затоа што правиме работи што веќе сме ги доживеале и остануваме таму повторно и повторно. Сè во животот се заснова на одлуки, добри или лоши.
Кога зборуваме за положбата на жената низ периодот во кој живеела, сфаќаме дека да се биде жена во минатото било навистина тешко. Почеток на создавањето на светот. На почетокот, празна просторија, многу мала, но како минуваат годините, просторијата станува се поголема. Можеби се‘ уште не знае која е, која ќе биде, што ќе прави и дали ќе успее, но задачата на секој е да си најде портрет. Најлоша работа е лошата слика за себе. Колку и да е тешка реалноста мора да се прифати. Понекогаш се плашиш од неа, но стравот е првото чувство што се појавило кај човекот. Тоа докажува дека не сакаме да бидеме поразени.
Седи и ќути! Зошто? Зошто ние секогаш ги почитуваме негативните авторитети? Дали треба цел живот да живеаме според правилата на мнозинството и да размислуваме така како што мислат сите тие само затоа што тоа мнозинство нема храброст да се бори за своите права.
Феминистичкото движење како движење за еднаквост на жените придонесе за информирање и ослободување на жените од угнетувањето на кое биле изложени со векови. Брбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, лоши услови за работа, ниски плати, пократок работен ден и право на глас. Постојаните разговори за феминизмот им дадоа на жените поддршка каква што никогаш порано немале. Тие сфатија дека не се сами и се охрабрија едена со друга да се борат за себе. Тоа нè носи до денес, каде што навистина се во подобра позиција.
Секоја тешко стекната слобода бара изнаоѓање нови, поадекватни форми на однесување што ќе доведат до интеграција на машките и женските принципи. За да може жената да го оствари своето право на еднаквост, не мора да биде рамноправна со мажот, ниту пак да ги усвои доминантните модели на однесување на мажот. “Битката на половите“ е еден од најизразените конфликти на денешницата. Се борат на полето на превласт во воспитувањето на децата, на економски план, на интелетуален и сл. Сите се стремат кон совршенство, можеби тоа е невозможно, но тоа е нешто со кое почнавме. Факт е дека животот на жените е неспоредливо подобар од порано. Сепак, би се излажале ако мислиме дека е совршено. Иако борбата за правата на жената не е завршена, таа ги дава своите плодови и денес можеме да кажеме дека живееме во порамноправно општество од пред неколку стотици години, имаат многу права кои ги немале тогаш, но сепак тие се‘ уште се маргинализирани. На прв поглед, се чини дека нивните права денес се целосно еднакви со правата на мажите, меѓутоа, под површината на оваа приказна се кријат проблеми со кои жените сè уште се соочуваат денес. Ќе се согласиме дека останува уште многу простор каде жените се во подредена, загрозена, па дури и крајно нехумана положба. Секој ден слушаме за ново насилство, се осудува начинот на облекување, изборот на професија… Неретко сведочиме за убиства, малтретирање уште од најрана возраст на девојчиња, жени во брак, дикриминирање при вработување… Проблеми се јавуваат кај луѓето кои целосно или делумно имаат мислење за жените како што било порано. Секогаш имаат избор, без разлика дали тоа е погрешно или не, затоа што тие се единствено одговорни за навните постапки.
Основното прашање што се поставува е кој и како може да и помогне на модерната жена да го подобри својот статус и позиција во општеството? Историјата не може да се сфати само како историја на угнетување на жените, туку и како историја на нивниот отпор, за еманципација, борба за постојано подобрување на нивната положба, за учество во општеството. Затоа е важно да продолжат да бидат храбри и никогаш да не престанат да се борат за нивните права. Колку и да е вознемирувачки да се бунтувааат против примитивните луѓе, мора да бидат одлучни и да им покажат на сите колку се важни како сопруги, мајки, сестри, ќерки, колку се успешни во професиите, воспитувањето деца и дека тие се столбот на општеството и семејството.
Борете се!
Разочарувања. Подеми и падови. Тага, среќа. Тоа е животот. Никогаш не смеете да дозволите просториите со важни и неважни работи да станат една. Ќе се збунат, а потоа и вие ќе се изгубиме, исто како на почетокот. Светот е многу чуден и непредвидлив феномен, затоа морате да размислите за секој потег што го правите. Мислата, зборот и делото се три исконски скапоцени камења што не ја рефлектираат лелеавата сончева светлина, туку се препуштени на најгустата темнина што се собира околу нив и ја замаглува нивната јасна, сјајна и мазна површина, но само ако во тие скапоцени камења има жар можат да го осветлат и покажат кривулестиот, стрмниот и трнлив пат до победата.
Антонела Владева