Нашите ученици повторно потврдија дека посветеноста, знаењето и трудот носат врвни резултати, постигнувајќи високи оценки и одлични перцентилни рангови по мајчин јазик, а особено по математика – предмет кој е препознатлив белег на нашето училиште.
Посебно ги издвојуваме Леонид Цуклев и Елена Трифуновска, кои остварија 100% перцентилен ранг, вбројувајќи се меѓу најуспешните матуранти во државата.
Овој успех е резултат на нивната посветеност, како и на континуираната поддршка од нивните професори и родители.
Им честитаме на сите наши матуранти и им посакуваме многу успех на патот што е пред нив. Продолжете да бидете инспирација и гордост на Математичко-информатичката гимназија!
