Ученичката Емилија Николовска од III-1 во Математичко-информатика гимназија, на 4-та Балканска олимпијада по физика (BPO4) освои бронзен медал и специјална награда за најдобар постигнат резултат на олимпијадата во конкуренција на натпреварувачки.

Во деновите од 7 до 9 октомври 2022 година се одржа 4 Балканска олимпијада по физика (BPO4), во хибриден формат. Домаќин на Олимпијадата беше Друштвото на физичарите на Кипар, а локален организатор Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), и Институтот за физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје.