Почитувани ученици,

На следниот линк можете да ја преземете потврдата за положени приемни испити по математика и физика

 

Во продолжение конкурсните рокови:

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24:00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e- uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставување на потребната документација до училиштата е на 16 јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 17 јуни од 07:00-19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листa за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24:00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e- uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.Доставување на потребната документација до училиштата е на 23 јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 24 јуни од 07:00-19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листa за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2022 година до 24:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставување на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 10:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листa за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk