Во учебната 2023/2024 година во Математичко-информатичката гимназија успешно ја завршија учебната година првата генерација на матуранти. Овие ученици беа првата генерација кои што се запишаа во новоформираната Математичко-информатичка гимназија. Во текот на школувањето тие успешно ги реализираа наставните планови и програми, креирани по посебно изготвена програма за талентирани ученици по математика, информатика и физика. Во текот на изминатите четири години учениците заедно со своите професори постигнаа бројни награди и признанија. Им посакуваме многу успех на Државната матура и понатаму во образованието.