Денот на основање на гимназијата (29.10) беше одбележан со хуманитарни активности со цел да се соберат средства за нашиот ученик Леонид Индов. Учениците од МИГ подготвија неколку активности: фудбалски натпревари, изложба на цртежи и мини-кино. Ученциите својата креативност ја покажаа и со нивниот штанд каде приготвуваа топли палачинки, кафе, пуканки и слично.
Од Срце за Лео!