На ден 6.11.2023 година учениците од прва година при МИГ го одржаа часот по англиски јазик во Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци” Скопје. Го посетија Британското катче кое изобилува со литература на англиски јазик, а учениците уживаа во прошетката на целата библиотека. Водено, учениците се заинтересираа за работата на овој оддел и тоа како да станат активни посетители. Учениците веќе редовно ја посетуваат читалната, но и повремено позајмуваат книги.